11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг до Харадинај: НАТО ќе го преиспита нивото на ангажирања со КБС

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг порача дека тој воен сојуз ќе продоли со мисијата на КФОР на Косово и најави дека, како што ќе се развиваат КБС (новоформираната косовска војска), Северноатлантската алијанса ќе го разгледа своето ниво на ангажирања со КБС и наредната година.

Столтенберг тоа му го рекол во телефонски разговор на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

„Генерални секретар во разговорот со Харадинај најави дека во согласност со развојот на КБС, Северноатлантскиот сојуз ќе го разгледа нивото на ангажирања на НАТО со КБС наредната година. НАТО ќе продолжи со мисијата на КФОР да обезбеди безбедно опкружување на Косово. КФОР работи под мандат на ОН и нема да биде под влијание на законот за трансформација на КБС“ соопшти НАТО.

Според соопштението на алијансата, Столтенберг рекол дека Харадинај пренел дека Северноатлантскиот сојуз има почетна расправа за неодамна усвоените закони за транзиција на Косовоските безбедносни сили (КБС).

Спонзорирано: