3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Работниот ден би бил поефикасен доколку трае само 4 часа

Клуч на големиот успех е напорна работа во краток временски период, а потоа краток одмор пред останатиот дел од работата со сериозна концентрација на активностите и обврските. Ова е резимето на една студијата објавена во “Psychological Review”.

За да се уверите дали ова е вистина, ве покануваме да го пробате следново: не одговарајте на секој телефонски повик, не проверувајте електронска пошта на секои две минути и напуштете го работното место порано. Ќе бидете изненадени колку ќе бидете поефикасни!

Поуспешни луѓе се оние кои успеваат да ги контролираат своите работни навики и се мотивираат себеси да ја подобрат својата продуктивност и ја ограничуваат интелектуалната активност на строго фиксно време, стои во завршението на студијата.

Спонзорирано: