16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пратеникот Арнаудов размислува дали да поднесе барање за амнестија

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, за „Макфакс“ вели дека размислува дали да поднесе барање за амнестија. За тоа како ќе постапи, ќе знае кога ќе се консултира со својот адвокат.

„Не знам дали ќе побарам амнестија за себе, за тоа ќе се консултирам со адвокатот. Дека емоциите нè вовлекоа во тој оган – нè вовлекоа, дека е направено тоа што е направено – е направено. Доколку е законски и е сè во ред, ќе се консултирам со адвокатот и во зависност од неговото мислење, ќе одлучам дали ќе побарам амнестија за себе“, вели пратеникот Арнаудов за „Макфакс“.

Во рок од пет дена од денот на влегување на законот во сила поднесуваат барање до првостепениот суд пред кој се води постапката. Судот за пет дена го носи решението доколку се исполнети условите од законот, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител.

Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се петтемина пратеници обвинети за настаните на 27 април, кои вчера гласаа за донесување на законот за амнестија.

(Makfax)

Спонзорирано: