3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И француската полиција негодува, бара исплата на прекувремената работа

Полицијата во Франција протестира поради прекувремената работа и илјада неисплатени часа. На аеродромот „Шарл де Гол“ има долги редици на патници што чекаат. Владата предлага на полицајците што го обезбедувале Париз за време на протестите да бидат им бидат исплатени бонуси од 300 евра, што тие одлучно го одбија.

Како што велат надлежните, работата е забавена само на терминалот 1, а дека метежот на другите два терминала настанал поради големиот број патници.

Одлагањето настанало бидејќи полицискиот синдикат ги повикал полицајците во земјата да ги решаваат само итните случаи поради преговорите со Министерството за внатрешни работи за надомест за работа за време на повеќе седмици на протестите на „жолтите елеци“.