12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / pixabay
СВЕТ

„Франс прес“: Метеж на француските аеродроми, полицијата исцрпена поради протестите

Поради прекувремената и напорна работа на француската полиција со протестите, успорена е пасошката контрола на главните париски аеродроми „Шарл де Гол“ и „Орли“, каде се создадоа долги редици.

Новинската агенција „Франс прес“ пренесе дека полициските службеници се исцрпени поради повеќенеделните протести на „жолтите елеци“. Застојот се случува по прогласот на полицискиот синдикат „Алијанс“, од каде ги повикаа полицајците да работат минимално додека траат преговорите со Министерството за внатрешни работи во земјата, по повеќенеделното ангажирање за време на протестите. Синдикатите бараат да им бидат исплатени прекувремените часови на полициските службеници.

Француската полиција беше дополнително е ангажирана и по нападот на божикниот базар во Стразбур, поради што е зголемен полицискиот надзор ширум земјата.

Спонзорирано: