11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Српски медиуми: Две претпоставки за несреќата кај Лесковац

Неколку дена по трагедијата во Србија каде се преврте македонски автобус во близина на Лесковац се уште се истражуваат причините за несреќата. Српските медиуми наведуваат две претпоставки како можни причини за излетувањето на автобусот од патот, кој потоа се преврте, при што загинаа три лица, а се повредени 32 патници.

Како што наведуваат тамошните медиуми, причините за несреќата засега може да се претпостават. Додека едни патници од автобусот тврдат дека возачот возел брзо, други велеле дека тој нагло закочил за да не удри друго возило кое било пред него.

Во дел од медиумите се појавија тези дека возачот наводно заспал, како и дека во моментот на несреќата разговарал на телефон, но официјално до сега причината за несреќата не е соопштена.

Автобусот се превртел околу 1.40 часот на влезот во Лесковац во момент кога низ цела Србија врнел силен снег, а состојбата на патиштата на земјата била лоша.Поради големиот број повредени лица на терен излегле голем број возила на Итна медицинска помош од Ниш и Лесковац. Меѓу патниците имало и две деца на возраст од 1 и 9 години, но за среќа тие не се повредени во несреќата.

Во капелата на Општата болница во Лесковац се телата на трите загинати лица во несреќата кај Лесковац, откако автобус со македонски ознаки излетал од патот. Според српските медиуми обдукцијата завршила во текот на вчерашниот ден.Во болницата во Лесковац е хоспитализиран и возачот на автобусот кој е на Одделението за интензивна нега со повреди на потколеницата и левото рамо.

14 повредени лица вчера биле пуштени од болница. Десет од нив биле преземени од тим лекари со возила на Итна медицинска помош од Македонија, испратени од Министерството за здравство, додека по четири лица дошле нивните семејства. Се очекува во следните седум дена и останатите повредени да бидат пуштени на домашно лекување.

Спонзорирано: