11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Могерини го повика Заев на состанок со функционерите од Западен Балкан

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини пред крајот на оваа година, како и минатата, за утре ги повика партнерите од Западен Балкан на неформален состанок во Брисел.

Како што јавува „Дојче веле“, тројцата претседатели и премиери ќе разговараат за постигнатиот напредок и новонастанатите проблеми.

Од Федерика Могерини покани за ручекот добиле српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Мило Џукановиќ, косовскиот претседател Хашим Тачи, македонскиот премиер Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денс Звиздиќ и албанскиот премиер, Еди Рама.

Иако во ЕУ велат дека таков формат не е ништо невообичаено, упадливо е тоа што на состанокот се повикани претседателите, а не премиерите на Србија, Косово и Црна Гора.

За ЕУ, претседателот на Косово, Хашим Тачи е легитимен, но и пожелен претставник на Косово во дијалогот. За разлика од непопустливиот Харадинај, Брисел во Тачи гледа некој со кој може да преговара.

Спонзорирано: