13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косово го доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ како посредник во дијалогот со Белград, пишуваат медиумите

Се чини дека властите во Брисел, барем за сега, не успеваат да се справат со последиците од политичката поделба во Приштина, што уште еднаш го потврди Советот за стабилизација и асоцијација на Европската унија и Косово, пишува германски „Дојче Веле“.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај официјално стана „enfant horrible“ на Брисел. Поточно, така би можел да се оцени неговиот однос со шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, вели германското радио.

Двата состанока на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Косово, со кои претседаваше високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, на кои присуствуваше Харадинај, завршија со откажување на заедничките изјави за медиумите.

И додека европската страна секогаш наоѓа дипломатски одговор на одредена ситуација во форма на „ревидирана агенда” или „заеднички договор”, извори кои присуствувале на нивните состаноци за тамошните медиуми информираат дека станувало збор за „напната атмосфера”, па дури и за „директен вербален дуел”.

Минатата година, камен на сопнување беше барањето на Харадинај за поголемо учество на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина, што Федерика Могерини, како посредник на ЕУ во дијалогот, го сфати како критика на нејзината работа, потсетуваат медиумите.

Оваа година косовскиот премиер ја критикуваше ЕУ за нејзиното неисполнето ветување за визна либерализација.

„Ги исполнивме сите услови и продолживме да живееме во гетото. Не е фер “, рече Харадинај.

Во исто време, Косово, на чело со Харадинај, уште еднаш го игнорираше барањето на ЕУ за суспендирање на тарифи од 100 проценти наметнати на стоки од Србија и Босна и Херцеговина.

Потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини и комесарите за преговори за членство, Јоханес Хан и за трговија, Сесилија Малмстром, пред состанокот на Советот на ЕУ за Косово испратија писмо до Рамуш Хардинај со барање трговските проблеми меѓу Србија и Косово да се решаваат во „специфичен формат”, а Приштина, во знак на „добра волја“ ги суспендира воведените тарифи за увозот од Србија и БиХ.

Овој пат, барањето на Брисел остана без, не само позитивно, туку и без компромисен одговор од Приштина, додаваат медиумите.

Од друга страна како што пишуваат медиумите додека Могерини во зградата на Советот на ЕУ ја откажуваше прес-конференцијата со косовскиот премиер, претставници на Србија, кои, како што пишуваат медиумите и самите не можеле да се изначудат на идејата „дека не се сите против нив“, во Европската комисија потпишаа нов пакет на претпристапна помош од ЕУ.

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ рече дека Белград и понатаму се фокусира на сопствениот развој, соработка, почит, принципи и благосостојба на своите граѓани.

Спонзорирано: