7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Календарот на Путин стана хит во Јапонија

Календарот со фотографии на рускиот претседател Владимир Путин во Јапонија ги престигна со продажба календарите на кои се ликовите на домашни ѕвезди, пишува „Гардијан“.

Синџирот продавници Лофт, со ексклузивно право да на продажба на календарите за 2019 година со Путин, вели дека се продаваат подобро од оние со познатиот јапонски актер Кеи Танака и Јузуро Ханју, олимпискиот шампион во лизгање.

Ова не е првпат календарите со Путин, додека вежба во салата, игра хокеј или вози велосипед, да бидат толку барани од јапонските потрошувачи.

Календарот за 2017 година имаше фотографии со Путин додека игра со своите кучиња во снег, а во тој од 2016 година имаше фотографија од мускулестиот руски претседател додека лови риба и тренира џудо.

Според медиумите во Јапонија, голем број луѓе, особено жените, купуваат календари со Путин веројатно привлечени од неговиот неконвенционален стил и нескриен мачоизам, но можно е дел од купувачите да го набавуваат календарот само заради шега.

Спонзорирано: