3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Додека бизнисите на граѓаните тонат, фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери

Додека бизнисите на граѓаните тонат, фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Медиумите објавија скандалозна информација дека фирмата СВ ‘Инвест’, која, како што пишуваат, се поврзува со Вице Заев, брат на премиерот, добила 22 милионски тендер од РЕК Битола во четири очи. Според документите кои ги објавија медиумите се гледа дека фирмата СВ ‘Инвест’ на 15.10.2018 година склучила договор со АД ЕЛЕМ за ангажирање на рударска механизација за потребите на РЕК Битола со договор во четири очи во износ од 22 милиони“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски додава дека од објавената документација се гледало дека СВ „Инвест“ е фирма што нема сопствена механизација и опрема за извршување на работата, туку истата ја изнајмува од 3 различни компании.

„Фирмата нема ниту една единствена машина за вршење на дејноста, а АД ЕЛЕМ склучува договор во 4 очи од истата во вредност од 22 милиони. Кои биле квалификациите според кои оваа фирма добила тендер, а нема ниту една машина? Според кој метод АД ЕЛЕМ одлучил дека баш СВ ‘Инвест’ е најдобра за извршување на дејноста, а како што гледаме, истата земала телескопски чистач од една, автодигалка од друга компанија, а работници од трета компанија, што значи не е специфицирана за работа и за задачите што ги извршува. Дали ова е шемата по која се испумпуваат парите од буџетот преку државните претпријатија? Дали ова е животот за кој што зборуваше СДСМ пред да дојде на власт?“, праша Арсовски на денешната прес-конференција.

Тој додава дека додека АД ЕЛЕМ се користи како средство за делење тендери на фирми во сопственост на луѓе блиски до врвот на власта, конкретно брат на премиерот, системот во РЕК Битола постојано крахира. „Имено повторно крахираше еден од блоковите во РЕК Битола, овој пат Блок 1, додека само пред една недела имаше прекин во работата на друг блок. Штетата од едно испаѓање на блок во РЕК Битола е околу 200 000 евра. Во рок од 10 дена со испаѓањето на двата блока РЕК Битола и ЕЛЕМ трпат загуби од околу половина милион евра“, вели Арсовски.

Спонзорирано: