8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тунтев со солзи: „Јован друже, не се договоривме вака”

Томислав Тунтев денеска со голема тага се обрати на комеморацијата за охридскиот градоначалник.

– „Занимавањето со политика може да биде благородно и неблагородно, ценето и неценето. Тој физички не е меѓу нас. Но, само во форма во која би сакале. Јован е до нас и со нас денес. Јован друже, не се договоривме вака. Велат, човек умира двапати. Еднаш физички кога ќе го снема и еднаш кога нема да се споменува. Затоа друже, вечно ќе живееш во нас. Вечерта кога победи за градоначалник одевме кон плоштад и ми рече ‘Друже, што направивме, од вечерва го менуваме светот. Сè ќе си биде само нас ќе нè нема’, така зборувавме со Јован. Збогум пријателе, збогум градоначалник, збогум голем човеку“, рече пратеникот Томислав Тунтев во своето проштално обраќање.

Спонзорирано: