10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Снег вее низ Македонија – Еве каде е најкритично

На патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 17.35 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Забрана за камиони е воведена и на патниот правец крак Маврово – Дебар од 17.20 часот.

Инаку денес попладне, а особено во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од снег, кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни. Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси.

Потоа следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури и појава на магла по котлините.

Спонзорирано: