23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Што ти е животот: Родителите како мал сакале да го продадат за 1.500 денари, а денес цел свет се гордее со тој актер

Роден е 1954 година во Хонг Конг. Како бебе имал 5 и пол килограми па мајката веќе тогаш го нарекла топовско ѓуле. Кога имал седум години неговите родители се преселиле во Австралија во потрага по работа. Него го оставиле на милост и немилост во родната земја.

Така започнува животната приказна на Џеки Чен. Родителите сакале да го продадат на една бабица за 26 долари (околу 1.500 денари). Професорот во една прилика во школо му го скршил носот, но токму во тоа школо ги стекнал основните знаења за актобатика, борбени вештини и актерски техники.

Штом го завршил школото, добил понуда да игра во седум филмови. Гинисов рекордер е по бројот на повторени снимања на една сцена во филм – тоа го направил дури 1.600 пати. Еден е од реткиете кои во филмовите бил и сценарист, главна улога, продуцент, директор на фотографија, главен координатор, па дури и човек кој набавува и доставува храна.

Денес Џеки Чен има 63 години, а зад себе има многу филмови кои цел свет ги обожава.

Спонзорирано: