10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Криминалната ВМРО-ДПМНЕ преповторува стари лаги и лажни вести

Во толкав очај и безидејност е паднато антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ што продолжува да преповторува стари лаги и лажни вести, одамна демантирани; обвинија од СДСМ.

„Од страна на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола јавно се демантирани лагите кои пред околу 1 месец беа објавени од интернет-портали блиски на ВМРО-ДПМНЕ. Овие лаги и лажни вести денеска ги рециклира и ги преповторува ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, фирмата за која денеска лаже ВМРО-ДПМНЕ, СВ инвест, нема никаков деловен однос, нема никаква поврзаност со братот на премиерот и претседател на СДСМ и тоа веќе неколку пати е демантирано.

ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати дека времето на договорени тендери, криминални провизии и матни зделки беше одлика на нивното владеење и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Хидро Мицкоски не може да се помири со успехот на енергетските компании денеска. Затоа што за разлика од неуспехот во време кога тој беше на чело на ЕЛЕМ и кога земјава увезуваше струја, којашто патем ја поскапи за 100 проценти, сега Македонија произведува повеќе струја и го продава вишок електричната енергија.
Анти НАТО и анти ЕУ Мицкоски кој се грижеше како од Груевски да добие бизнис со хидроцентрали нема кредибилитет да зборува за енергетика, уште помалку за чесно работење“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: