7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија ги отфрли обвинувањата за поврзаност со „жолтите елеци“ во Франција

Рускиот министер за економија, Максим Орешкин денеска ги отфрли обвинувањата за вмешаност на Москва во протестното движење „Жолти елеци“ во Париз.

„Сакам да ги искоментирам најновите инсинуации за наводна вмешаност на Русија во овие настани“, рече тој по состанокот на Советот Русија-Франција за економски, финансиски, индустриски и трговски прашања.

Министерот потоа додаде дека всушност тука и нема што да се коментира, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

Нагласи дека такви настани не се одвиваат само во Франција, туку нивните корени лежат во поларизацијата на општеството што трае со децении.

„Не е тоа нешто што се појавило сега, се работи за проблем што расте низ годините“, вели Орешкин.

Спонзорирано: