5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од Мицкоски

СДСМ и Зоран Заев донесоа само црнила и темнина за граѓаните на Република Македонија.Ги разбираме СДСМ и Заев дека се во паника и очај бидејќи се прочитана книга од граѓаните и полека но сигурно им се ближи крајот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ветувањата дадени од СДСМ се едно големо ништо, се што ветија излажаа.

,,СДСМ и Заев единствено водат грижа за нивните бизнис интереси, криминални тендери во четири очи и луксузирање на сметка на граѓаните.СДСМ се плаши од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ се плаши од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, бидејќи знае дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која ги штити интересите на државата и работи за доброто на граѓаните. Граѓаните не должни да живеат во црнила и темни. Зората ќе ги победи црнилата. Зората ќе донесе успех. Зората ќе изгрее за граѓаните на Македонија”, се додава во соопштението.

Спонзорирано: