11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај

СДСМ ветуваше враќање на иселените, а две години откако се на власт иселувањето се зголемува, а на државата и се случува тивок егзодус поради неспособноста, расипништвото и лошата економска политика на картелот на власт, се наведува во соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија.

„Месечно амбасадата на Германија издава над 1500 визи, додека амбасадата на Швајцарија од 500 – 700. Бројката е слична и за другите европски држави, а баратели се главно млади луѓе. Голем дел од нив се висококвалификувани кои одлучуваат трајно да се иселат од државата“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека поради политиките на оваа власт само првите 10 месеци од годинава резултирале со 77 отпишани ученици од штипските основни и средни училишта, кои трајно се иселиле со своите семејства.

„За истиот период од кочанските училишта се испишани 20 ученици. Бројките за жал се слични и во другите градови низ државата, без разлика на регионот, источен или западен. Економијата континуирано тоне. Граѓаните, занаетчиите и бизнисмените се се погласни. Работа нема, бизнисот е катастрофа, а просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај“, велат од опозициската партија.

Од таму констатираат дека овој тренд не смее да продолжи и ги повикуваат сите граѓани кои се незадоволни од оваа власт да се приклучат на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот.

Спонзорирано: