4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Во наредните два месеца министерствата и државните органи треба да спроведат по најмалку една еко акција

Владата на 109-тата седница, којашто беше одржана изминатиов петок, донесе одлука да ги задолжи министерствата, органите во состав на министерствата и самостојните органи на државната управа во текот на декември 2018 и во текот на јануари и февруари следната година да спроведат најмалку по една акција со којашто ќе придонесат во борбата против аерозагадувањето, како и за заштитата на животната средина.

Како што информираат од владината прес-служба задолжените институции ваквите еколошки акции треба да ги спроведат во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, со локалните самоуправи, како и со граѓанските организации и за тоа да ја информираат јавноста.

„Препорака за вакви еко акции Владата упати до единиците на локалната самоуправа, додека на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и на акционерските друштва во државна сопственост, Владата им укажа да реализираат активности со коишто ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот“, се наведува во соопштението.

По евалуацијата на остварените резултати, во февруари следната година повторно ќе бидат упатени вакви задолжувања и препораки, за пролетниот период.