21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинов: Со новата казнена политика Македонија станува праведна држава

Со новата казнена политика Македонија станува праведна држава која функционира по европски правила, рече на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој подвлече дека казните ќе се намалат и до 75 отсто и ќе се воведе опомена пред казна и пропорционално казнување.

Глобите се пропорционални на тежината на прекршокот. Казната нема да го отежнува животот на граѓаните и компаниите, туку ќе донесе промени на нивното однесување, посочи тој.

„Ставаме крај на репресивната казнена политика. Нема злоупотреби, самоволие и изживување врз фирмите и граѓаните. Нема повеќе ‘пиштење-вриштење’ што беше одлика на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадинов.

Додаде дека за правните лица, при одредување на казната ќе се земе предвид остварениот приход во претходната година, бројот на вработени, како и претходното санкционирање за исти или случни прекршоци.

„За првпат се прави разлика, односно градација меѓу малите, средните и големи претпријатија, што сметаме дека е правично и праведно. Минималната глоба за малите фирми ќе изнесува 50, а максималната 2.000 евра, за разлика од сега кога максималната висина на глобата изнесува 5.000 евра. Максималниот износ на глоба за средните и големи претпријатија не може да надминува 10.000 евра“, посочи партискиот портпарол.

Истакна дека се воведува и опомена пред изрекување казна.

„Опомена се изрекува и во случаи кога прекршокот е сторен за првпат и не предизвикал штетни последници, ниту пак го загрозил јавниот интерес“, објасни Костадинов и рече дека владата на СДСМ ги оставарува дадените ветувања и воведува правичност.

Спонзорирано: