14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре во Охрид ден на жалост поради смртта на градоначалникот Стојаноски

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, Советот на Општина Охрид, денеска одржа вонредна седница.

Како што информираат општинските власти, седницата започнала со едноминутно молчење, а советниците донеле одлука, утрешниот ден во Охрид да биде ден на жалост.

„Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за 17.12.2018 година се отакажуваат“, беше соопштено на вонредната седница.

Утре со почеток во 10 часот во големата сала на општинската зграда ќе одржи и Комеморативна седница, а посмртните останки на градоначалникот Стојаноски ќе бидат изложени од 12 – 14 часот во капелата на градските гробишта.

Спонзорирано: