4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Укината забраната за камиони на патот Крива Паланка – Деве Баир

Од 14 часот попладнево е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.