3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Погледнете што вели прогнозата по градови во Македонија: Ќе врне ли снег на Нова година?

Точно 15 дена не делат од најлудата ноќ. Ќе ја испратиме старата 2018-та и ќе ја дочекаме Новата 2019 година.

Многумина се прашуваат каде ќе ја дочекаат, а во дилема ги става и временската прогноза.

Ако и вие сте меѓу оние кои сакаат да знаат каква временска прогноза ќе имаме за Нова година, ќе ви кажеме.

Ќе почнеме од главниот град. Скопје преку денот на 31 декември го очекува снег и дожд со дневни температури до 5 степени. Ноќта кон 1 јануари температурата ќе паѓа и ќе достигне минимални -1 степени. Значителна облачност, дожд или снег во некои места навечер, а потоа снег.

Битола исто така ја очекува дожд и снег во одредени делови од денот со температури од 4 степени преку денот кои ноќта ќе паднат до 2 степени.

Штипјани за новогодишниот ден, претпладнето ги очеува дожд додека облечно и снежни врнежи се најавуваат за вечерта.

Делчево за нова година го очекува снег преку цел ден.

Струмичани најверојатно нема да се израдуваат на снегот на новогодишната ноќ бидејќи прогнозата предвидува дожд.

Извор: Република

Спонзорирано: