12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе фрчат казни за нешто што многумина го прават во декември – МВР ги предупредува граѓаните дека може да се соочат со глоба од 300-500 евра за овој прекршок

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје, соопшти МВР.

Спонзорирано: