3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Видео: Снег вечерва ја прекри југозападна Македонија – еве каква е состојбата во моментов

Снег вечерва ги прекри повисоките места на југозападна Македонија.

Ова видео е направено на магистралниот пат Битола-Охрид, на влезот на Ресен, вечерва околу полноќ.

Инаку синоптичарите излегоа со метео предупредување дека во текот на ноќва, како и утре претпладне ќе има локални врнежи од снег претежно со слаб интензитет. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Од УХМР најавуват дека утре во претпладневните часови ќе има слаби врнежи претежно од снег и на места ќе има појава на голомразица.

Во сабота поради благо затоплување врнежите во пониските места ќе бидат од дожд. Нови врнежи од снег се очекуваат во недела претпладне како и во вторник.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

АМСМ: Снег во Ресен и Кичево
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува во Ресен,Кичево,Страцин и Маврово. На планинските превои Стража,Буково,Плетвар и на П.Шапка наместа има остатоци од кашест снег на коловозот.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Спонзорирано: