11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанушев: Македонија е држава во која се бркаат луѓе од работа поради различен политички став

Република Македонија е единствената држава во Европа во која се води постапка против најголемата опозициска партија и во којашто политичкиот прогон станува основен начин на дејствување на власта, истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија е единствената држава во Европа каде што поранешни функционери се испраќаат во притвор врз основа на фабрикувани службени белешки, а се носат пресуди какви што ќе нарача премиерот којшто трипати претходно е аболициран за тежок криминал.

Наместо да оди напред, со секој изминат ден со однародената и криминогена и црна власт, Република Македонија оди назад и се оддалечува од европските стандарди.

Во Република Македонија криминогената власт го узурпира целиот систем и ги злоупотребува институциите за политички пресметки.
Република Македонија и официјално е држава во којашто се бркаат луѓе од работа само заради тоа што имаат различен политички став од криминогената власт.

Република Македонија е земја во којашто се делат откази само заради укажување nа лошите политики на актуелната власт.

Последниот пример е отказното решение со коешто му е прекинат работниот однос на Цветан Трипуновски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Цветан Трипуновски е избркан од работа само заради тоа што е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заради тоа што во име на партијата јавно изразуваше сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на земјоделците.

За да добијат гласови лажеа дека ќе обезбедат сигурен откуп на земјоделските производи, а сега земјоделските производи скапуваат по нивите. Црнилата што ги донесоа Заев и Николовски ги осетија и производителите на јаболка, сливи, бостан, пченица, зелка, домати, ориз итн. Нема гранка којашто не трпи штети од криминогената власт.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите правни средства против политичкиот реваншизам на власта, и сите кои ги злоупотребуваат институциите за политички пресметки ќе одговараат.

Спонзорирано: