5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ѓорчев: Наместо да донесе живот, Заев предизвика егзодус на македонскиот народ

Влатко Ѓорчев од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која говореше за, како што рече, иселувањето и егзодусот во Македонија и падот на новородени деца.

Притоа, Ѓорчев посочи дека наместо живот, со Зоран Заев во Македонија дошло до егзодус и невидено до сега иселување.

„Се иселуваат луѓето од сите региони на Македонија, се иселуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, се иселуваат луѓето од Полог, Тетовско, Гостиварско, Липковско. Си заминуваат луѓето од Битолско, од Прилепско, од Охридско. Ова е невиден, невиден егзодус“, рече пратеникот од опозициската партија, кој ваквото иселување го препиша на политиките на Заев и на неговата Влада.

Ѓорчев на пресот посвети внимание и на информација според која само за 10 месеци од основните училишта во Штип и од средните училишта се отпишани 77 ученици.

„Жал и тага. Тоа значи дека од градот Штип од најголемиот центар, од најголемиот град на Источна Македонија само од Нова Година до сега, само откако ја поскапеа акцизата на дизелот Заев и Анѓушев заедно со Тевдовски се иселени околу 300 до 400 граѓани“, посочи тој.

„Штетните политики на Зоран Заев доведоа до тоа Македонија да се истенчува, да народот ни се топи, државата ни исчезнува“, заклучи Ѓорчев на прес-конференцијата.

Спонзорирано: