10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Господине Заев, не бегајте од ТВ-дуел, не кријте се зад паушални изјави и барања

Човекот којшто го лаже, краде и продава својот народ и својата држава нормално е да бега од јавно соочување со лидерот на опозицијата, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Кукавички, со разноразни изговори, барања Зоран Заев повторно одмолчува и бега од јавно соочување со претседателот Мицкоски да се соочи пред очите на јавноста и да го каже сето она што го мисли.

Ајде господине Заев, бирајте каде сакате, кога сакате, со кој новинар сакате, на кој медиум сакате, прифатете го дуелот и одважете се да излезете на јавното соочување пред очите на јавноста. Не кријте се зад паушални изјави и барања. Таму ќе имате можност сè што сакате да им кажете и да им порачате на граѓаните“.

Арсовски истакна дека судството е заробено од канџите на Заев. Како што рече, Заев однапред ги знае пресудите кои што ќе ги донесат судиите.

„Судството се користи единствено за перење на криминалот на функционерите на СДСМ, вклучително го знаете и оној случај за Зоран Заев каде што беше фатен пред очите на јавноста, а потоа беше прогласен за невин, и се користи единствено за политички прогон кон луѓето коишто не мислат како Зоран Заев. Ниту еден единствен случај нема решено Министерството за внатрешни работи. Луѓе гинат на секој чекор, а мафијата што си доби држава царува по улиците на Република Македонија.

Економијата крахирана, се носи буџет најголем до сега, а никакви проекти нема. Не е мрднато ниту со прст. Сите економски параметри одат по негативна линија. Граѓаните секојдневно осиромашуваат, а и дополнително ќе осиромашат благодарение на СДСМ бидејќи ќе плаќаат и повисоки даноци.

Се распродаваат националните интереси како на пазар да сме во Струмица, не се почитува волјата на граѓаните, не се почитува волјата на македонскиот народ“, додаде Арсовски.

Спонзорирано: