15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп стравува дека му се заканува импичмент

Американскиот претседател Доналд Трамп стравува дека ќе биде тргнат од функцијата, и покрај тоа што тој јавно повеќепати нагласи дека воопшто не е загрижен дека тоа може да се случи.

Според извори блиски на американскиот претседател, неговите стравови се уште поголеми како резултат на федералната истрага поврзана со неговите соработници и преземањето на контролата врз претставничкиот дом од страна на демократите.

Во средата, федералните обвинители објавија дека Трамп и неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен присуствувале на состанок кој имал за цел развивање план да се замолчат две жени кои тврдат дека имале афера со него, со цел тој ја ги добие претседателските избори. Според обинителите, исплатите на двете жени претставуваат прекршување на законите за финансирање кампањи.

Како резултат на тоа, Трамп стравува од импичмент, велат изворите. Сепак, тој јавно тврди дека не извршил никаков криминал и дека не постои причина за негов импичмент, како и дека луѓето би се побуниле ако тоа се случи.

Спонзорирано: