19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Со денови без храна и вода девојче почина на границата на Мексико и САД

Седумгодишното девојче од Гватемала кое со својот татко се обиде илегално да ја преминат границата Мексико-САД почина поради дехидратација кратко време откако тие беа приведени, известува „Вашингтон пост”.

Минатата недела девојчето и нејзиниот татко беа уапсени од граничната полиција на САД, а 7-годишното девојќе почина од дехидратација и шок.

Според извештајот на граничната полиција на САД, девојчето и нејзиниот татко биле уапсени на 6 декември во 22 часот по локално време. Тие беа дел од група од 163 мигранти кои се обидоа да ја преминат границата.

Осум часа подоцна, девојчето почнало да добива напади. Работниците од итната служба наскоро пристигнале за да и помогнат, и ја измериле температурата која била многу висока, 40 Целзиусови степени, и установиле дека со денови ништо не пиела ниту јадела.

Со хеликоптер ја пренеле во детска болница во Ел Пасо, но девојчето починало.

Граничната полиција на САД не го објави името и презимето на девојчето. Во моментов води истрага, бидејќи сака да провери дали патролните службеници правилно ја следеле постапката.

Еден од протоколите е на мигрантите кои се приведени да им се даде порција храна и вода, но за сега е дискутабилно дали девојчето било нахрането и дали медицинските лица ја прегледале пред да добие напади.

Спонзорирано: