11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Борбата против загадувањето е постојана и секојдневна, системски се решава проблемот

Цела деценија Скопје и Македонија беа изложени на екстремно уништување и загрозување на животната средина од страна на криминалната и расипничката ВМРО-ДПМНЕ, што резултира со енормно загадување на воздухот. За разлика од таквиот однос и црнилата на ВМРО-ДПМНЕ, денес сите институции на локално и централно ниво, предводени од Владата на СДСМ секојдневно преземаат мерки за справување со долгогодишниот проблем со аерозагадувањето, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта не презема ништо против загадувањето на воздухот.

„Продолжува акцијата за обновување на уништеното зеленило во Скопје. По Карпош, Бит-пазар, Бутел и Аеродром, вчера беа засадени дрва во општина Ѓорче Петров со што продолжува акцијата за засадување на околу 3.500 висококвалитетни дрва низ сите скопски општини. Во континуитет се спроведува акција за расчистување на дивите депонии. Во текот на вчерашниот ден беше расчистена дива депонија во општина Ѓорче Петров од каде беа исфрлени 88 кубни метри смет и отпад. Само на територија на Град Скопје во изминатиот период беа расчистени над 350 диви депонии и ваквите акции продолжуваат. Покрај расчистувањето на дивите депонии и обновување на зеленилото, постојано се преземаат и низа други мерки за подобрување на квалитетот на воздухот“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: