9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пострашно убиство од она во Драчево: Татко си ги заклал децата, по што се самоубил

Ужасна трагедија ги вознемири жителите на Босна и Херцеговина, откако медиумите објавија дека татко ги заклал своите три деца, по што си го одзал животот. Триесет и седумгодишниот Адмир Совиќ, за кој соседите велат дека бил многу кроток човек, вчера попладне си ги заклал трите деца, а потоа си го одзел животот.

Уште едно грозоморно убиство во регионот. По убиството во скопско Драчево кое стана топ тема на регионалните медиумите, нова трагедија доаѓа од ексјугословенските простори, поточно од Босна.

Трагедијата се случила во населбата Мали Луг во Бихаќ. Медиумите наведуваа дека семејните проблеми, сиромаштијата и безнадежноста се најверојатните причини за страшното убиство што го извршил таткото, кого неодамна го напуштила сопругата и го оставила сам со три деца.

Сториите и фотографиите од местото на злосторството го обиколија регионот. На нив може да се забележи семејниот дом на Совиќ и трите детски велосипеди кои сведочат за трагедијата.

,,Густиот снег и пустошот на улиците ‘донекаде’ го прикриваат фактот дека пред само 24 часа во оваа населба се случи нешто што ги вознемири мештаните, но и пошироката јавност. Полициското возило, жолтите ленти и истражителите пред малата трошна куќа покажуваат дека нешто не е во ред. Покрај куќата се потпрени три детски велосипеди, кои се прекриени со снег. Никому не му е јасно што го натерало Адмир да го изврши ова страшно злосторство”, пишува Klix.ba.

Според началникот на МУП на Унско-санскиот кантон, Мујо Коричиќ, станува збор за убиство на три деца, а човекот извршил самоубиство. Најголемото детенце, Ахмир, имал седум години, неговата сестра Неила имала пет, а најмалиот Алјан имал две години.

„Дневни аваз“ објави дека таткото пред 20 дена го оставила сопругата, што може да биде мотив за ужасното злосторство. Наводно тој ѝ се заканувал на сопругата дека ќе се убие себеси и децата ако ги остави. Совиќ на „Фејсбук“ честопати објавувал фотографии од децата, а споделувал и постови во кои често се жалел на својот живот или на луѓето околу него.

Соседите тврдат дека Совиќ бил поправач на земјоделски машини, а живеел во изнајмен стан заедно со сопругата и децата.

Спонзорирано: