11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Париз се подготвува за нови протести: На задача 8.000 полицајци и оклопни возила

Во исчекување на утрешните, петти саботни протести, шефот на париската полиција најавува дека на улиците во француската престолнина повторно ќе бидат распоредени оклопни возила и неколку илјади полиицајци.

Шефот на полицијата, Мишел Делпеш изјави дека безбедносните сили планираат да распоредат ист број сили како и минатиот викенд, односно 8.000 полицајци и 14 оклопни возила.

Француските власти синоќа соопштија вчера дека починал уште еден припадник на движењето „жолти елеци“, шести по ред, откако го удрило камион за време на блокада на патот во близина на јужниот град, Авињон. Локалните официјални лица јавија дека возачот е уапсен и притворен, а претходно се обидел да побегне од лице место.

Уште пет демонстранти загинаа во сообраќајни незгоди, додека повеќе од 1.400 припадници на „жолтите елеци“ се повредени во протестите против зголемувањето на цените на горивата што демонстрантите ги започнаа минатиот месец.

Демонстрантите блокираа клучни сообраќајници ширум Франција, а во Париз протестите прераснаа во нереди.

Спонзорирано: