23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР со важна информација за граѓаните

Употребата на пиротехнички средства (петарди, палење ракети) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра, информираат од МВР во пресрет на новогодишните празници.

Оттаму известуваат дека неовластената употреба на пиротехника е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192“, се наведува во соопштението.

Исто така министерството особено апелира до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.

Спонзорирано: