11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со криминал и корупција какви што демонстрира власта на СДСМ

Црниот СДСМ целосно изгубил допир со реалноста. Партијата што ја зацрни државата шири манипулации и невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој рече дека Мицкоски како главен кадровик на Груевски признава дека е анти-НАТО и анти-ЕУ.

Од опозициската партија додаваат дека со СДСМ на власт економијата е зацрнета, здравството девастирано, образованието деградирано, а владеењето на правото само мртво слово на хартија.

„Во ЕУ не се оди со криминал и корупција. Во ЕУ се оди со работа, реформи и постојан раст на сите полиња со цел подобрување на живејачката на граѓаните. Живејачката во Република Македонија е влошена, трошоците за живеење зголемени, платите ниски, а економијата на дното“, се наведува во партиското соопштение.

Токму затоа, како што се додава, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани да излезат на протестните маршови низ државата.

Спонзорирано: