7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Од потрошени 7 милијарди евра изминативе две години, ниту еден денар не е одвоен за мерки против загадувањето

Загаденоста во градовите достигна и до 328 микрограми на метар кубен, а Заев, Шилегов, Максим, Наташа и Коста не преземаат буквално ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Битолчани, скопјани, струмичани и кумановци синоќа се гушеа во канцероген воздух. Црн воздух, црн живот во Република Македонија.

Секојдневно болниците ширум државата се полнат со десетици граѓани со срцеви и белодробни проблеми настанати како последица на аерозагадувањето.

Зоран Заев пред повеќе од две години ветуваа чист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, сега, две години подоцна, воздухот не е почист, напротив загадувањето сè повеќе е проблем за граѓаните“, стои во партиското соопштение.

Власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, не презема суштински чекори во насока на решавање на загадувањето, од 7 милијарди евра, колку што потрошија изминативе две години, ниту еден денар не одвоија за проекти и мерки што ќе го намалат загадувањето, но затоа, посочуваат од партијата, се одвојуваат 1,6 милиони евра за лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра за морски плодови и се делат милиони во четири очи.

Спонзорирано: