10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег вее низ Македонија: Важна информација за возачите

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози, информираат во попладневното соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат дека слаб снег кој не се задржува на коловозот, провејува во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Од 15. ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15. март 2019 година.

Спонзорирано: