21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведската полиција уапси едно лице осомничено за планирање терористички напад

Шведската полиција за безбедност (САПО) соопшти дека уапсила едно лице осомничено за организирање или иницирање терористичко кривично дело, како и за нелегално поседување оружје.

„Лицето ги изведувало подготовките за наводниот терористички напад веќе подолго време и за тоа постојат меѓународни конекции“, соопштува САПО во извештај.

„Едно лице е уапсено поради сомнеж за организирање терористички напад“, САПО пишува во објавата на „Твитер“.

Полицијата извела рација во западниот дел на Шведска по долга истрага. Неколку лица биле свикани на испрашување, воедно и лицето што било уапсено.

Идентитетот на уапсеното лице не е познат.

Портпаролот на полицијата, Габриел Вернстед, не ги објави земјите кои се поврзани со случајот, но објасни дека истиот нема никаква поврзаност со пукањето на божиќниот панаѓур во Стразбур.

Француската полиција сè уште трага по сторителот кој е осомничен за убиството на најмалку две лица во нападот.

Спонзорирано: