10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Потпишан меморандум за соработка меѓу МНР и Инфо-центарот за евро-атлантски интеграции

Министерството за надворешни работи и Инфо-центарот за евроатлантски интеграции потпишаа меморандум за соработка.

Со овој документ, кој беше потпишан денеска во Министертвото од страна на министерот Никола Димитров и Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската асоцијација „МОСТ“, којашто го имплементира проектот Инфо-центар за евро-атлантски интеграции, ќе се воспостави меѓусебна соработка во интерес на промоција на евро-атлантските интеграции којашто ќе обезбеди простор за активен дијалог и дебата, како и организирање промотивни настани и други активности, соопштија од МНР.

„Министерството за надворешни работи и Инфо-центарот за евро-атлантски интеграции ќе соработуваат на полето на информирање, промоција, едукација, обука, давање помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.

Исто така, преку склучувањето на овој меморандум ќе се иницира соработка со други институции и претставништва во земјата и од странство, како и релевантни невладини организации, во давање поддршка за организирање настани, иницирање проекти, обезбедување стручни консултации, размена на искуства, но и спроведување на обуки за стручни доусовршувања од делокругот на евро-атлантските политики, интеграциските процеси и соработка со посебен акцент на зачленувањето на Република Македонија во НАТО“, се наведува во соопштението на МНР.

Спонзорирано: