13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Француската влада ги повика „жолтите елеци“ да не протестираат поради нападот во Стразбур

Француската влада денеска упати повик до „жолтите елеци“ да не протестираат овој викенд, по смртоносниот напад на божиќниот саем во Стразбур.

„Нема да ги забраниме протестите в сабота“, рекол портпаролот на Владата, Бенјамин Гриво. Наместо тоа, Гриво ги повикал „жолтите елеци“ да не протестираат, со напомена сами да одлучат за тоа, нагласувајќи при тоа дека на луѓето им е попаметно да се грижат за своите компании пред крајот на годината.

Забраната не би била разумна одлука, додал Гриво, бидејќи нема да ги спречи луѓето да уништуваат и крадат.

„Жолтите елеци“ одржаа протести и блокираа улици во делови на Франција, протестирајќи против зголемувањето на цената на горивата.

Спонзорирано: