18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Библиомотокар” најмалата подвижна библиотека во светот

Антонио ла Кава, пензиониран наставник, го претвори своето тритркално возило во мала мобилна библиотека за да ја шири радоста на читањето кај децата од оддалечените делови на регионот Базиликата во Италија.

Неговата мала мобилна библиотека се вика „Библиомотокар”.

„Книгите се од суштинско значење. Без книги, детето честопати е осамено”, вели Антонио.

„Кој може да биде покрај него, ако не книгата? Убави страници на литературата. Не можеме да живееме без книги“, додава тој.

Речиси дваесет години Антонио патува по ридовите и планините на Базиликата, доставувајќи книги за децата во овие оддалечени заедници.

„Библиомотокар” е патувачка библиотека, која обезбедува книги каде што е потребно, без да им се одземе правото на децата да читаат тоа што сакаат.

Проектот „Фино аи Маргини“ практично ги вклучува најмалите села во областа Базиликата.

Проектот организира литературни работилници во училиштата во јужна Италија, во некогашната античка област Луканија, со помалку од 1 000 жители.

Овие работилници се обидуваат да го поттикнат читањето, пишувањето па дури и снимањето кратки филмови инспирирани од литературни дела.

Спонзорирано: