19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Австрискиот министер за сообраќај најави тестирање на летачки такси-возила

Министерот за инфраструктура и сообраќај во Австрија, Норберт Хофер, сака да оди во чекор со модерното време и соопшти дека е подготвен да се тестира новина што би можела да донесе пресврт во сообраќајот.

Откако беше воведен тест за зголемување на ограничувањата на брзините на автопати на 140 километри на час, сега објави дека сака да тестира дронови кои би превезувале патници, односно летачки такси-возила, пренесуваат тамошните медиуми.

„Можеби веќе на пролет ќе организираме пробно летање“, рече тој, додавајќи дека очекува голем интерес. Хофер посочи дека сака тестирања на беспилотните такси-возила.

Спонзорирано: