4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адеми потпиша декларација за соработка со Меѓународната школа за студии на холокаустот

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и директорката на Меѓународната школа за студии на холокаустот при ,Yad Vashem во Јерусалем потпишаа заедничка декларација за соработка меѓу двете институци, со која се продлабочува уште понатаму билатералната соработката во областа на образованието помеѓу Македонија и Изралел.

„Цврсто верувам дека оваа заедничка декларација ќе доведе до зајакнување на билатералните врски меѓу двете институции, да се потенцира важноста на образованието за холокаустот во Република Македонија и да се обезбеди понатамошна консултација и соработка“, изјави Адеми.

Годинава одбележавме 75 години од депортацијата на 7.144 евреи од Македонија или 98% од еврејската популација, во тој период до Треблинка. На 11 март, Националниот комеморативен ден на холокаустот, како што информираше министерот, македонскиот парламент одржа посебна комеморативна седница и усвои декларација со која се нагласува постојаната определба на државата никогаш да не ги заборави жртвите на хХолокаустот. 


Исто така Владата на Република Македонија ја усвои работната дефиниција на анти-семитизмот.

„За таа цел, Бирото за развој на образованието, кое е институција одговорна за наставните програми на училиштата во нашата земја, објави дополнителни материјали за холокаустот. Ова се материјали подготвени од страна на IHRA, но потоа преведени на македонски јазик и споделени со сите училишта во Македонија“, истакна министерот Адеми. За да истрае сеќавањето на холокаустот, треба да ги поучуваме младите генерации, додаде тој истакнувајќи дека токму затоа остануваме посветени да продолжиме да го вклучиме образованието за холокаустот во наставните програми во јавниот образовен систем, да ги поттикнуваме активностите за обука на наставниците и да развиваме или набавиме ресурси и материјали потребни за такво образование. Затоа оваа заедничка декларација е многу важна за нас.