5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Нарачки на судии во Судскиот совет по директива на Заев

Нема крај на партизацијата која што оваа црна власт ја спроведува во македонското општество, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилкоски.

Тој обвини дека при изборот за член на Судскиот совет, како што рече, бесрамно бил истуркан изборот на судијката Лорета Георгиева од Струмица за која Стоилковски посочи дека е сопруга на првиот човек на Зоран Заев во Струмица.

„Ова е очигледна надоградба на нарачаното ‘Кацарска судство’ и нарачаното ‘Рускоска обвинителство’ во Република Македонија. Очигледна е задачата, по партиски налог да се казнува и да се разрешува. Задача на Судскиот совет е да избира, унапредува и разрешува судии во сите степени на судството во Република Македонија“, нагласи портпаролот на опозициската партија.

Стоилковски на прес-конференцијата додаде и дека ова не е прв скандал на СДСМ поврзан со влијание во судството и рече дека Георгиева напредува само кога СДСМ и Заев имаат моќ во раце.

„Тоа се судските реформи на аболицираниот Зоран Заев, така тој ги замислува независното судство и европскиот пат. СДСМ без партиско судство не може да функционира. Со ваков избор може да се очекува на пролет наместо препорака, од Брисел да дојде порака – ‘Со вака избрани судии, вие не сте за Европа’“, нагласи потртапролот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека колку побрзо оваа влада си замине, толку побрзо Република Македонија ќе се врати на вистинскиот пат.

Спонзорирано: