10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на Иванов со првиот човек на црногорската војска, Драгутин Дакиќ

Претседателот Ѓорге Иванов вчера го прими началникот на Генералштабот на војската на Црна Гора, бригаден генерал Драгутин Дакиќ. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и во тој контекст двајцата соговорници изразија задоволство од одржувањето на дијалогот на високо ниво, во сите сфери од заемен интерес, што укажува на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Во однос на стратешките цели и интеграциските процеси, македонскиот претседател истакна дека членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО е од клучно значење за стабилноста и просперитетот на земјава, но и на целиот регион нагласувајќи го интересот за натамошно унапредување на соработката со Црна Гора, особено во сферата на одбраната и военообразовната област.

Претседателот Иванов и генералот Дакиќ разговараа за трансформациските процеси во АРМ, како и за искуствата од интегративните процеси на Црна Гора по полноправното членство во НАТО. Македонскиот претседател истакна дека реформите и мерките што се преземаат во Република Македонија за унапредување на стандардите во сферата на одбраната ја потврдуваат нашата стратешка определба за членство во алијансата.

Претседателот Иванов на средбата со генерал Дакиќ изрази благодарност за поддршката што Црна Гора ја дава за евро-атлантските интеграции на Република Македонија, како и очекување дека таа ќе продолжи и во наредниот период.

Спонзорирано: