12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: Мора да ги охрабриме политичките лидери во БиХ да преземат одговорност и брзо да формираат влада

Ние пред околу три недели на седница на Советот за надворешни работи разговаравме за Босна и Херцеговина, пред сè мораме да ги охрабриме политичките лидери да преземат одговорност и брзо да формираат влада со цел властите да продолжат да напредуваат со агендата на реформи. Од 2014 година па до оваа година бев сведок на неочекуван напредок што го има направено БиХ, и тоа е прилично импресивно, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Могерини на прес-конференцијата во Брисел по состанокот на Советот за надворешни работи ја соопшти Делегацијата на Европската Унија во БиХ и посочи дека е нормално по избори да постојат одредени потешкотии.

„Јас сум убедена дека лидерите на земјата и нејзиниот народ можат со заеднички пристап да постигнат напредок во однос на реформската агенда. Тоа е она што ние сакаме да го видиме. Ние исто така веруваме дека изборниот проблем во Босна и Херцеговина мора да се реши што е можно поскоро, каде што е потребно да се најде – а свесна сум дека ова е вежба од дипломатијата – рамнотежата меѓу уникатната структура на државата и стандардите на Европската Унија. Верувам и се надевам дека ова прашање може да се реши во духот на соработката по формирање влада и обновувањето на динамиката на реформската агенда”, рече Могерини.

Спонзорирано: