3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран потврди: Спроведовме ракетни тестови

Иран потврди дека неодамна лансираше ракетен тест, повеќе од една недела откако Вашингтон, Лондон и Париз го осудија Техеран за овие активности.

„Ние продолжуваме да ги тестираме ракетите, а неодамнешниот тест беше важен тест”, изјави командантот на воздухопловните сили на иранската револуционерна гарда, пренесува „Фарс“.

САД минатата недела објавија дека Иран спровел тест со „балистички проектил од среден дострел кој може да носи неколку боеви глави и да погоди неколку области во Европа и Блискиот Исток“.

Американските власти ја повикаа Европската Унија да наметне санкции за иранската програма за балистички ракети, за која смета дека е „растечка и сериозна закана”.