11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Алими до Села на 27 април: Додека сум жив, ќе те бранам

„Последно што помнам е дека во прес-центарот на Собранието врз пратениците се фрлаа предмети. Видов како кон мене фрлија монитор од компјутер и веднаш потоа ја изгубив свеста. Се освестив во една од канцелариите во Собранието, беше темно, без светла. Бев сместен зад едно биро, а кога ги отворив очите, до мене беше Абдуљфета Алими, кој ме праша како сум. Во еден момент му се обратив и му реков: Мојот живот е во твои раце, а тој ми врати со зборовите Додека сум жив, ќе те бранам, а доколку не останам жив, прости ми, сведочи пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на рочиштето за 27 април.

Села рече дека во просторијата заедно со припадникот на обезбедувањето од Собранието, сега обвинетиот Абдуљфета Алими, имало уште едно лице од оние што протестирале, кое му помагало на Алими.

„По одредено време, ми облекоа дуксер. Ми ставија значка од полиција и ме изнесоа надвор како повреден полицаец. Во ходникот пред да излеземе го сретнавме Никола Тодоров. Тој инсистира да ме носат во Градска, а докторот инсистира да ме носат на Клинички. Во еден момент Тодоров му рече на докторот: Правете што сакате. Цело време Абдуљфета беше со мене. Кога пристигнавме на КАРИЛ, Алими ме праша дали е слободен мислејќи на зборот што ми го даде во Собранието, дека сум во негови раце“, рече Села.

На прашањето од обвинетиот Никола Митревски – Кољо дали е вистина дека Села со негов имот го спасил Алими од затвор, Села одговори дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот. Претседателот на Алијансата за Албанците рече дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот што тој е жив и дека поради тоа му е должник.

„Во целата постапка, кога слушнав дека тој не може да излезе од затвор бидејќи нема доволно имот, јас одлучив да го дадам мојот имот за тој да биде на слобода. Мојата куќа е негова куќа, јас сум му должник со мојот живот“, рече Села.

Наредното рочиште за 27 април е закажано в четврток кога исказ ќе даваат 5 сведоци предложени од обвинетиот Богдан Илиевски.

Спонзорирано: