10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Стразбур – еден загинат и шестмина повредени

Едно лице загина, а шестмина се повредени во пукање во центарот на Стразбур во близина на плоштадот Клебер, каде што се одржувал божикен настан.

Полицијата апелираше да се избегнува ова подрачје, а на Твитер се објавени видеа на граѓани кои панично бегаат.

Полицијата дојде веднаш на местото на инцидентот. Божикните штандови, како и блиските кафулиња, се евакуирани.

Локалните медиуми известуваат дека биле испукани десетина куршуми, но и дека напаѓачот сè уште е на слобода. Инцидентот се случува во моменти кога заседава Европскиот парламент, кој е во близина.

Како што пренесува „Гардијан“, француските пожарникари известиле дека неколку истрели се испукани во средиштето на градот.

Спонзорирано: