7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е преку донаторски конференции да се собираат пари против загадувањето

СДСМ потроши 7 милијарди евра од буџетот, а ниту денар од тоа не даде за аерозагадувањето, сега безобразно бара донации од бизнис-заедницата, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната презентација на двегодишниот план на Владата против аерозагадувањето.

„Скопје тоне во загаден воздух. Нивото на канцерогени ПМ10-честички е неколкукратно над дозволеното, а власта две години ништо не презема, ниту една мерка или проект не беше спроведен од оваа власт, ниту денар не е одвоен од буџетите во износ од речиси 7 милијарди евра. Власта се луксузира и купува скапи автомобили, дава 1.6 милиони евра за набавка на лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра на морски плодови и апетисани, а ниту денар за почист воздух“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Опозицијата оценува дека е срамота во услови кога се трошат милиони на непотребни работи и луксузи преку донаторски конференции да се собираат пари за аерозагадувањето.

„Даночните обврзници од кои бараат донации веќе преку плаќањето даноци го дале својот придонес во буџетот, од кој треба да се издвојуваат пари за аерозагадувањето, а не тие пари да се трошат расипнички, за потоа однова да се бара пари од бизнис-заедницата во вид на донации.
Власта која ја зацрни државата не знае да менаџира со буџетот, парите од истиот ги троши несразмерно и нецелисходно“, додава опозициската партија преку соопштение.

Спонзорирано: