4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Растот на економијата, растот на БПД од 3 отсто во третиот квартал од оваа година потврдува: економијата е стабилизирана, расте, се движи во вистинска, нагорна линија, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Граѓаните може да очекуваат дека ова придвижување и обезбеден раст ќе допринесе за дополнително потикнување на економијата, за поголемо производство и отворање на нови и подобро платени работни места.

Се намалува и невработеноста. Стапката на невработеност во третиот квартал во 2018 година изнесува 20,8 отсто. (На крајот на 2017 година стапката на невработеност била 22,4 отсто).

Третиот економски параметар е растот на платите. За период од две години, просечната плата бележи раст од над 2.000 денари. Тоа значи повеќе пари за работниците, повеќе пари во семејството, кај граѓаните.

Паралелно со растот на платите, растат и пензиите. Просечната пензија во 2018 година е за околу 1.400 денари повисока во однос на просечната пензија во 2016 година.

Ваквиот тренд на зголемување на расположливиот доход за домаќинствата продолжува и во следната, 2019 година.

За пет отсто повисока плата добиваат вработените во здравството, образованието, судството, детските градинки, одбраната, полицијата, културата. 10 отсто зголемување ќе добијат докторите специјалисти.

Со рефрмата на системот за социјална заштита корисниците на соцјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а околу 60.000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток.

Обезбедуваме социјална правда за финансиски најзагрозените сограѓни.

Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.

Преку чесен и домаќински пристап, обезбедуваме економски раст и повеќе пари кај граѓаните. Се грижиме за подобра живејачка на нашите граѓани и социјалната праведност“ порача Костадинов.